| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно, оштетувања и одрони на дел од патиштата

архива

архива

На патниот правец Лакавица-Неготино на седум километри над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200 метра, на кој е извршена санација, поставена е содветна сигнализација, за внимателно управување на возилата.

На патниот правец Виницa-Пехчево на 12. километар сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри поради попуштање на патот. Оштетувањето е саниранои е најавено нормализирање на сообраќајот во текот на денот.

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопот, поради можен одрон, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Виница-Пехчево на 12. километар поради попуштање на патот во должина од 10 метри, санирано е оштетувањето и поради внимателност сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а за утре е најавено нормализирање на собраќајот.

На патниот правец Кочани–Македонска Каменица одронот е исчистен, но превентивно сообраќајот е сè уште затворен и се пренасочува преку Виница – Пехчево – Делчево.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, локалниот правец Злетово –брана Кнежево, кој беше во прекин поради свлечиште, е оспособен за сообраќај по една лента во должина од околу 150метри.         

 Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта, се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top