Јавното обвинителство од Лил, побара ослободување на Доминик Строс-Кан од сите обвинувања во судската постапка за „потешка форма на наведување на проституција“, попозната како афера „Карлтон“ според истоимениот хотел во Лил.
– Ниту судската истрага, ниту судењето, не овозможија да се утврди дека постои прекршок на потешка форма на наведување на проституција од страна на Доминик Строс-Кан – изјави на крајот од своето обраќање јавниот обвинител од Лил, Фредерик Февр.
Јавното обвинителство останата доследно на истражната постапка, во која побара ослободување на поранешниот француски министер за финансии и некогашен прв човек на Меѓународниот монетраен фонд (ММФ) од ова обвинение.
Претходно, адвокатите на проститутките што го обвинуваа Строс-Кан, исто така ја повлекоа тужбата против него, бидејќи „немало докази за да се утврди прекршокот“ за кој беше обвинет.
Неколкудневното судење во Лил, кое беше во центарот на интерес не само на француската, туку и на светската јавност, само откри дел од темната страна и сексуалните навики на човекот, кој ако не избувнеше сексуалниот скандал во „Софител“ во Њујорк, денес можеше да биде претседател на Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.