Собранието на Република Македонија во рамки на продолжението на 35. седница денеска го донесе Законот за комплементарна и алтернативна медицина со кој се уредуваат повеќе прашања кои што се однесуваат пред се на системот, организацијата и примената на методите и постапките на комплементарната и алтернативната медицина.
Со Законот се утврдуваат лицата кои ги применуваат овие методи и постапки на комплементарна и алтернативна медицина, установите ќе бидат за комплементарна и алтернативна медицина, потоа квалитетот на методите и постапките на комплементарна и алтернативна медицина, стручниот надзор над работата на практичарите на КАМ методите, како и сите други работи кои што се поврзани со комплементарната и алтернативната медицина.
Се предлага точно да бидат дефинирани дисциплините на комплементарната и алтернативната медицина кои ќе бидат дел од здравствениот систем на Република Македонија, потоа да се утврди под кои услови ќе можат да бидат практикувани, односно ќе можат да бидат користени, потоа видот и степенот на стручната подготовка на лицето кое ќе практикува некоја од овие дисциплини.
Целта е да се создаде еден механизам кој ќе му овозможи на пациентот да биде заштитен од неквалификувани поединци односно да му се гарантира максимум безбеден третман како и да му се овозможи да го оствари правото да избере третман врз основа на точни и целосно информации.
Предлог решенијата за овој закон се темелат на компаративни анализи на правниот статус и начинот на регулирање на комплементарна и алтернативна медицина како во Европа, така и во други држави надвор од Европа, координирани се сите релевантни и репрезентативни здруженија на системот на комплементарна и алтернативна медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Измени во Законот за минимална плата
-
Данев: Изборен закон не се носи без консултации со опозицијата
-
Измени во Законот за работни односи: Новини во договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, испратнината…