За користење на бањско-климатска рекреација и викенд, на трошок на државата, од Тиквешко се пријавиле 825 пензионери.
– Интересот е голем, во нашата служба апликации за користење на ваквата поволност доставија 493 пензионери. Нивно право беше дали ќе заокружат дека сакаат бесплатна бањско-климатска рекреација или викенд или, пак, ќе ги заокружат и двете опции – информираше денеска Весна Ѓорѓиева, раководителката на подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кавадарци.
Меѓу нив имало и такви што веќе биле на бесплатна бањско-климатска рекреација. Задоволни се од тоа како поминале таму, па сакаат да одат повторно. Но, предност имаат тие што воопшто не користеле ваква поволност досега, нагласува Ѓорѓиева.
И во Неготино интересот за користење на оваа привилегија овозможена од државата е голем.
– Аплицираа 332 пензионери за користење на бањско-климатска рекреација или викенд или, пак, и за двете – соопшти Драгица Миланова, раководителката на подрачната единица на Фондот во Неготино
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.