Првите фотографии на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун како патува со својот приватен млазен авион од денеска може да ги види и јавноста.
Медиумите авионот веќе го нарекоа „ер форс ун“, како пародија на американскиот авион „ер форс уан“ со кој се вози претседателот на САД. Барак Обама користи „боинг“, а Ким Јонг Ун лета со рускиот „иљушин ИЛ-62“.
Авионот од времето на Советскиот Сојуз беше најголемиот млазен авион на светот, а првпат леташе во 1963 година. Денеска чини само 87 илјади евра. Место 200 патници, авионот го превезува само лидерот на државата и неговите најблиските соработници, како што тоа го прави и американскиот претседател.
Ким Јонг Ун со авионот отпатува на прославата на роденденот на неговиот татко, а потоа замина во обикола на населбата во изградба, чиешто име е „Улица на идните научници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.