Две жени и еден маж исчезнале за едно деноноќие во Македонија. Станува збор за 31-годишна жена од село Роатинце, општина Јегуновце, која за исчезната ја пријавил нејзиниот сопруг. Жената исчезнала на 14 февруари.
Синоќа во 21.15 часот во полициската станица Аеродром, 70-годишна скопјанка пријави дека вчера од дома во непознат правец заминал нејзиниот сопруг, стар 73 години. Во полициската станица во Ѓорче Петров, исто така синоќа, пријавено е исчезнување на жена на возраст од 84 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.