Пипи Долгиот Чорап, измислен лик на шведската писателка Астрид Линдгрен, оваа година го слави 70. роденден и во согласност со модерните времиња, книгата веќе нема да го содржи описот кој се смета за расистички.
Во оригиналната приказна, таткото на Пипи Долгиот Чорап живее во Јужните Мориња, каде што е „црнечки (негро) крал“ – референција која последните години се критизира како расистичка.
– Во април ќе биде објавено ново издание на книгата и во неа таткото на Пипи ќе биде „крал на Јужните Мориња“ – рече Карин Ниман, ќерка на Астрид Линдрген, која со другите членови на семејството ги има издавачки права на нејзините дела.
– Одлучивме да го замениме стариот опис затоа што навредува. Авторката на Пипи Долгиот Чорап никогаш не би прифатила Пипи да навреди ниедно дете – рече Ниман.
Линдгрен почина во 2002 година, на возраст од 94 години.
За Пипи напиша три книги, првата во 1945 година, кои подоцна беа споени во една.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.