| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста е несебичен и хуман човек

Не само на теренот туку и надвор од него Диего Коста е класа од човек. Покрај неспорните квалитети кои ги има на теренот како фудбалер, Бразилецот со шпански пасош е несебичен и хуман човек надвор од него.
Најновите вести кои пристигнуваат од Бразил покажуваат дека Диего Коста не ги заборава корените од каде потекнува.
Финанскиски обезбеден, тој одлучи да се оддолжи на заедницата во малото место Лагарто од каде потекнува.
Коста отвори академија за деца во родното место чија главна цел ќе биде образование на младите од социјално загрозените семејства. Тој посакува да ги тргне децата од улиците и од опасности.

– Главна цел е на младите да им дадеме можност и да им овозможиме нешто што јас го немав кога бев мал. Посакувам тие деца да се тргнат од улиците, од пороците и се надевам дека академијата ќе биде место каде ќе можат да побегнат се она што е лошо што ги опкружува – изјави Коста.

– Ништо специјално, идејата е во зачеток. Сакав на некој начин да се оддолжам на моето место. Лагарто е мало место, во кое има многу деца и кои со оваа академија ќе добијат нешто корисно – додаде Диего Коста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top