| четврток, 6 декември 2018 |

Милчо Манчевски ќе гостува на Универзитетот „Оксфорд Брукс“

Режисерот Милчо Манчевски е ангажиран да гостува на „Оксфорд Брукс“ на покана на овој познат универзитет  во Велика Британија.

 Како што соопшти „Банана филм“, поканата подразбира проекција на „Пред дождот“ и на други делови од творештвото на Манчевски.  Предавањето и разговорот со публиката на 22 февруари ќе бидат со фокус на целиот опус на Манчевски, со издвојување на улогата на поетскиот јазик во неговиот кинематографски израз.
– Во Оксфорд се изучува „Пред дождот“, добитник на наградата „Златен лав“ во Венеција, на номинација за „Оскар“ и на уште 30 други врвни меѓународни награди.  Овој филм, но и целокупниот опус на Манчевски се изучуваат на уште неколку стотини други универзитети во светот, од Калифорнија до Кина, од Бразил до Русија, од Австралија до Германија.  Овој филм е дел и од наставната програма во средните училишта во Италија, информира  „Банана филм“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top