На веб-страницата на Министерството за транспорт и врски е објавен каталог со податоци за 100 државни деловни простории во 19 града низ државата, што се огласени на продажба преку јавно електронско наддавање.
Во каталогот има информации за локацијата, квадратурата и почетната цена на објектите, како и фотографии.
Стоте објекти, за кои беше објавен оглас за продажба на 12 овој месец, се први од вкупно 1.000 државни деловни простории коишто Владата одлучи да ги продаде на барање на приватниот сектор.
Почетната вредност на стоте деловни објекти се проценува на 5 милиони евра. Огласот трае 30 дена. Право да аплицираат имаат сите домашни и странски компании, како и физички лица, кои покрај апликацијата треба да достават и банкарска гаранција во висина од 2 проценти од проценетата вредност на објектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МТСП: Тепаното двегодишно дете e добрo и денеска ќе биде пуштено дома
-
МТСП: Утврдени прекршувања на законот, ќе има кривични и прекршочни пријави за случајот на Р.И.
-
Објавена драмата „Една неважна жена“ од Оскар Вајлд
-
Каталог од седум млади македонски автори „Свежа крв“ на Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг