Проруските сепаратисти од морална гледна точка не можат да ја запрат битката за градот Дебалцево во Источна Украина бидејќи тој е внатрешна територија, изјави претставникот на самопрогласената Донецка народна република, Денис Пушилин.
Тој додаде дека сепаратистите се должни да одговорат на нападите на украинските војници.
– Ние немаме право да ги запреме борбите во Дебалцево. Тоа е прашање е морално. Тое а е внатрешна територија. Ние треба да напаѓаме, да работиме на уништување на позициите од кои напаѓа непријателот. Ние сме подготвени во секое време да го повлечеме тешкото вооружување. Ние сме подготвени за взаемно повлекување, но нема да направиме ништо еднострано бидејќи нашите војници ќе се претворат во цели – посочи Пушилин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.