| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија 47. според Глобалниот индекс на конкуреност

index

Македонија e рангирана на 47. место од вкупно 93 земји во светот на Глобалниот индекс на конкуреноста на Светската деловна школа – ИНСЕАД (INSEAD), изработен во партнерство со Светскиот економски форум, Светска банка, Светската организација за интелектуална сопственост и со неколку универзитети. Во новото рангирање Македонија напредна за пет места во однос на лани, кога била на 52. место.

Во изработка на Извештајот и рангирањето на земјите се земаат предвид 65 критериуми, меѓу кои можноста за отворање и водење бизнис, бизнис-климата, порастот на економијата, социјалната заштита и пензискиот систем, пазарот на работна сила, образованието, политичката клима…

Македонија е најдобро рангирана според можностите за почнување бизнис, каде што е на осмо место.

На првото место на листата е најде Швајцарија, по неа се Сигнапур, Луксембург, Луксембург. Од земјите во регионот Словенија е на 26., Хрватска на 46., Албанија на 70., Бугарија е на 45, а Грција на 50. место.

Препораките во извештајот се дека отвореноста на економијата е клучна за подобрување на конкурентноста, а фискалната стабилност и конкуреноста за постигнување одржлив развој. Се препорачува и намалување на невработеноста, подобрување на образовниот систем и квалификациите на работната сила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top