| четврток, 6 декември 2018 |

Во 47 држави конфискувани 25.000 тони фалсификувана храна и пијалаци

hrana

Во голема операција на Интерпол, спроведена заедно со Европол, во 47 земји во светот се конфискувани 2.500 тони расипана храна и пијалаци или фалсификати, се наведува во соопштението на меѓународната полициска организација.

Меѓу конфискуваната храна има сушено овошје, масло за пржење, моцарела, јагоди, јајца и многу други прехранбени производи.

Во операцијата поголем број луѓе се уапсени, но нивната бројка сè уште не се соопштува.

Во операцијата учествувале полицајци, цариници, вработени во агенциите за безбедност на храната и претставници на приватни фирми. Тие извршиле контроли во продавниците, пазарите, пристаништата и индустриските зони. Операцијата била спроведена во периодот од декември до јануари.

Само во Италија се конфискувани 31 тон морски плодови, кои биле замрзнати, а потоа потопени во хемиска супстанција, која содржела лимонска киселина, фосфат и водород пероксид, за морските плодови да изгледаат свежи.

На Тајланд биле конфискувани и уништени 85 тони месо, кое било нелегално увезено. Конфискувани се и 20.000 литри фалсификувано виски.

Во Велика Британија е затворена фабрика за незаконско производство на вотка.

Во текот на операцијата се конфискувани вкупно 275.000 алкохолни пијалаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top