| четврток, 6 декември 2018 |

Србинот со големо срце – кој донираше за поплавените Македонци

stoilkovic

Ова ме­сто е ре­зер­ви­ра­но за не­де­ла­та, но не­де­ла­ва се ре­шив­ме да го от­ста­пи­ме ме­сто­то за де­ла­та и за ху­ма­но­ста. Пра­те­ни­кот Иван Сто­ил­ко­виќ по­ка­жа што е ху­ма­ност. Тој е првиот на­ро­ден из­бра­ник што се отка­жа од пла­та­та за да им по­мог­не на на­стра­да­ни­те од поп­ла­ви­те со кои Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чу­ва­ше во из­ми­на­ти­от пер­и­од.  И еден од ретките…

– Се­ко­гаш сме ту­ка да по­мог­не­ме ко­га е по­треб­но, осо­бе­но во те­шки си­ту­а­ции,ко­га на лу­ѓе­то,на­ви­сти­на, им е по­треб­на по­мош. Знам ка­ко им е на поп­ла­ве­ни­те, по­ма­гав на те­рен исто ка­ко што ла­ни по­ма­гав и во Ср­би­ја ко­га се слу­чи­ја го­ле­ми­те поп­ла­ви -из­ја­ви ли­де­рот на Де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја на Ср­би­те во Ма­ке­до­ни­ја.

Пра­те­нич­ка­та пла­та во ви­си­на од 1.000 евра тој ја пре­фр­ли ди­рект­но од сме­тка во Фон­дот за по­мош на поп­ла­ве­ни­те. Изра­зи на­деж де­ка тоа ќе го на­пра­ват и не­го­ви­те ко­ле­ги, без раз­ли­ка да­ли се од ре­до­ви­те на тие што до­а­ѓа­ат на ра­бо­та или од тие што се­дат до­ма, ни­ша­ат вра­та и зе­ма­ат пра­те­нич­ка пла­та. Но, не­ка­ко те­шко им па­ѓа ко­га тре­ба да го на­пра­ват тоа.

Иван е лич­но­ста што ја по­ка­жа сво­ја­та ху­ма­ност. Дру­ги­те не­го­ви ко­ле­ги се тие, мно­гу­те лич­но­сти на (не)де­ла­та. И не са­мо не­го­ви­те ко­ле­ги, ту­ку и мно­гу дру­ги лич­но­сти од јав­ни­от жи­вот. Де­но­ви­ве по со­ци­јал­ни­те мре­жи кру­жи еден ста­тус, кој ја по­ка­жу­ва на­ша­та „ху­ма­ност“. Тој гла­си ва­ка:

Поп­ла­ви во Сρби­ја:
-Но­ваκ Ѓоκовиќ до­ниρа 10.000.000€
-Ана Ива­но­виќ 1.000.000€
-Де­јан Станκовиќ 6.000.000 + хρана и опρема итн.
Поп­ла­ви во Маκедо­ни­ја:
-Гоρан Пан­дев на пла­жа во Ај­ва­лиκ
-Κиρе Ла­заρов на па­за­ре­ње низ Бaρсе­ло­на
-Пеρо Ан­тиќ се те­то­виρа воАт­лан­та.

Спи­со­кот е мно­гу по­го­лем. Ова е са­мо тоа што кру­жи низ со­ци­јал­ни­те мре­жи. Но ка­де се се­га јав­ни­те лич­но­сти од зем­ја­ва да се фо­то­гра­фи­ра­ат со нат­пис да ѝ по­мог­не­ме на Ма­ке­до­ни­ја, да им по­мог­не­ме на бра­ќа­та Ма­ке­дон­ци? Ка­де се се­га јав­ни­те лич­но­сти да ги до­ни­ра­ат па­ри­те од, еве да ре­че­ме, ед­на тез­га, ка­ко што пе­ја­чи­те уме­ат да ги на­ре­чат сво­и­те ве­чер­ни на­ста­пи. Се­ко­ја чест на по­е­дин­ци што до­ни­ра­ле, се­ко­ја чест на фир­ми­те што ис­пра­ти­ја по­мош, на те­а­три­те што ги до­ни­раа па­ри­те од про­да­де­ни­те би­ле­ти за нив­ни­те прет­ста­ви. Но што е со тие што не се во ни­ту ед­на од овие ка­те­го­рии?!

Подоцна донираа  пратениците од Битола,Штип, Струмица. Ромео Тренов испратил камиони со песок, машини и помагал во најкритичните моменти кога водата се закануваше по животот на луѓето и добитокот.  И пратеникот Трајче Димков помагал во Штип. Она што успеале да го спречат во тие моменти не се споредува ниту со пакетите вода за пиење кои ги донирал ниту со парите кои тој своето семејство и најблиските го донирале за жителите на поплавените подрачја.  Лиле Кузмановска, пратеничката од Битола активно учествувала во кризните штабови каде успеала да помогне со свои средства и целосна организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top