Ова место е резервирано за неделата, но неделава се решивме да го отстапиме местото за делата и за хуманоста. Пратеникот Иван Стоилковиќ покажа што е хуманост. Тој е првиот народен избраник што се откажа од платата за да им помогне на настраданите од поплавите со кои Македонија се соочуваше во изминатиот период. И еден од ретките…
– Секогаш сме тука да помогнеме кога е потребно, особено во тешки ситуации,кога на луѓето,навистина, им е потребна помош. Знам како им е на поплавените, помагав на терен исто како што лани помагав и во Србија кога се случија големите поплави -изјави лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија.
Пратеничката плата во висина од 1.000 евра тој ја префрли директно од сметка во Фондот за помош на поплавените. Изрази надеж дека тоа ќе го направат и неговите колеги, без разлика дали се од редовите на тие што доаѓаат на работа или од тие што седат дома, нишаат врата и земаат пратеничка плата. Но, некако тешко им паѓа кога треба да го направат тоа.
Иван е личноста што ја покажа својата хуманост. Другите негови колеги се тие, многуте личности на (не)делата. И не само неговите колеги, туку и многу други личности од јавниот живот. Деновиве по социјалните мрежи кружи еден статус, кој ја покажува нашата „хуманост“. Тој гласи вака:
Поплави во Сρбија:
-Новаκ Ѓоκовиќ дониρа 10.000.000€
-Ана Ивановиќ 1.000.000€
-Дејан Станκовиќ 6.000.000 + хρана и опρема итн.
Поплави во Маκедонија:
-Гоρан Пандев на плажа во Ајвалиκ
-Κиρе Лазаρов на пазарење низ Бaρселона
-Пеρо Антиќ се тетовиρа воАтланта.
Списокот е многу поголем. Ова е само тоа што кружи низ социјалните мрежи. Но каде се сега јавните личности од земјава да се фотографираат со натпис да ѝ помогнеме на Македонија, да им помогнеме на браќата Македонци? Каде се сега јавните личности да ги донираат парите од, еве да речеме, една тезга, како што пејачите умеат да ги наречат своите вечерни настапи. Секоја чест на поединци што донирале, секоја чест на фирмите што испратија помош, на театрите што ги донираа парите од продадените билети за нивните претстави. Но што е со тие што не се во ниту една од овие категории?!
Подоцна донираа пратениците од Битола,Штип, Струмица. Ромео Тренов испратил камиони со песок, машини и помагал во најкритичните моменти кога водата се закануваше по животот на луѓето и добитокот. И пратеникот Трајче Димков помагал во Штип. Она што успеале да го спречат во тие моменти не се споредува ниту со пакетите вода за пиење кои ги донирал ниту со парите кои тој своето семејство и најблиските го донирале за жителите на поплавените подрачја. Лиле Кузмановска, пратеничката од Битола активно учествувала во кризните штабови каде успеала да помогне со свои средства и целосна организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст