| четврток, 6 декември 2018 |

Московиси: Можен е договор меѓу еврозоната и Грција

грција

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси, изјави дека на денешната средба на евогрупата е можно да биде постигнат договор меѓу еврозоната и Грција за продолжување на програмата за финансирање на Атина.

– Ќе има дискусија, која знам дека ќе биде сложена, но уверен сум дека ќе заврши успешно – изјави Московиси пред почетокот на средбата на министрите за финансии на еврозоната.

Московиси оцени дека ако „постои капацитет и желба, можно е да има и резултати“, отфрлајќи ги како неточни информациите дека се подготвува нова програма за помош на Грција.

Тој нагласи дека целта на денешната средба на Еврогрупата е да се најде начин за краткорочно финнасирање на Грција, откако актуелната програма за помош ќе заврши на 28 февруари.

ЕУ инсистира на продолжување на сегашниот план за помош на Грција, што би значело и продолжување на спроведувањето на строгите мерки на штедење и реформи од страна на Атина, додека новата грчка Влада сака ставање крај на програмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top