Еден осуден силувач од Лондон, кој бил пуштен од затвор, ги убил своите родители, по што, најверојатно, се самоубил.
Во соопштението на Скотланд јард се вели дека полицијата засега нема објаснување за смртта на осомничениот убиец, но потврдено е дека не се трага по друг сторител.
Семејната драма била откриена откако било пронајдено мртвото тело на 30-годишниот Ашраф Амран, покрај една зграда во лондонскиот кварт Падингтон.
Кога полицајците отишле да ги известат неговите родители за смртта на Ашраф, во нивниот стан ги откриле мртвите тела на таткото Хасан и на мајката Зохра Амран.
Лондонските весници пишуваат дека откако ги убил своите родители по една семејна расправија, Ашраф се качил на највисоката точка од заградата во која живеел и „скокнал во смрт“.
Нема сознанија што ја предизвикало оваа трагедија во семејството Амран. Соседите им изјавиле на новинарите дека минатата недела често слушале расправии од станот на семејството.
Во 2010 година, Ашраф Амран бил осуден од еден лондонски суд на седум години и два месеци затвор за силување и сериозен сексуален престап.
Од затворот бил пуштен само неколку денови пред да се случи семејната трагедија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Затвореник починал на Ургентен, му се слошило во „Идризово“
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија