| четврток, 6 декември 2018 |

Украина нема да го повлече тешкото вооружување

Украинската армија денеска нема да почне да го повлекува тешкото оружје од линијата на фронтот во Источна Украина бидејќи проруските сепаратисти продолжуваат да напредуваат, изјави украинскиот воен портпарол Владислав Селезњов. ­

– Како да го повлечеме оружјето кога бунтовниците се обидуваат да напаѓаат со тенкови и постојано пукаат врз нас – истакна Селезњов.

По влегувањето во сила на примирјето, договорено на 12 февруари во Минск, во Источна Украина загинаа најмалку пет украински војници. Борбите продолжуваат и во близина на стратегискиот град Дебалцево, каде што се распоредени илјадници украински војници и се во иопасност да бидат опколени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top