| четврток, 6 декември 2018 |

Шојбле: Многу ми е жал за Грците

сојбле

Многу ми е жал за Грците, изјави денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, зборувајќи за „неодговорното“ однесување на грчката влада.

Во интервју за германското национално радио, кое го пренесуваат грчките медиуми, Шојбле истакна дека прашањето не е постигнување компромис на денешниот состанок на еврогрупата, туку Грција повторно да се направи конкурентна. Тој, исто така, додаде дека многу од неговите колеги во Европската унија изјавиле дека стандардот на живеење во нивните земји е понизок од тој во Грција.

Осврнувајќи се на европските социјални програми кои ги предложи грчката страна, Шојбле истакна дека тука не постои прашање за дискусија и ги нарече губење време.

– Германија не сака Грција да излезе од еврозоната – истакна Шојбле објаснувајќи дека ако Атина сака да го избегне тоа и да добие дополнителна помош од ЕУ, грчката влада треба да исполни минимум од предусловите.

– Сите земји од еврозоната се подготвени да ѝ помогнат на Грција да си помогне себеси. Прашањето е дали Грците го сакаат тоа – рече германскиот министер додавајќи дека, според него, новата грчка влада се справува со прашањето „како на голема игра покер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top