Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија утре ќе одржат заедничка владина седница. Во 10: 20 часот е предвидено пристигнување на делегацијата на српската влада и церемонија со протоколарен пречек на платото пред зградата на Владата на Република Македонија. Потоа претседателот на македонската Влада Никола Груевски и неговиот српски колега Александар Вучиќ ќе одржат тет-а-тет средба во 10:30 часот. Во истиот период ќе има и поединечни средби на ресорните министри од двете влади.
Заедничката владина седница ќе започне во 11:30 часот.По средбата ќе бидат потпишани договори меѓу меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија. Груевски и Вучиќ ќе одржат и заедничка прес-конференција за македонските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.