| четврток, 6 декември 2018 |

Хет-трик на Меси и нова петарда во режија на Барселона

Лионел Меси ги надмина здравствените проблеми и повраќањето во текот на мечот со Атлетик Билбао и пак блескаше на теренот со хет-трик против Леванте. Барселона победи убедливо со 5-0, што е втора петарда во низа за Каталонците. По триумфот од 5-2 против Атлетик во Билбао, овојпат на „Камп Ноу“ во Барселона настрада Леванте.

Нејмар на асистенција на Меси во 17. минута најави гол-шоу, а потоа палката ја презеде Меси и со три гола за помалку од половина час најави катастрофа за гостите од Валенсија.

Mesi-i-Suarez

Луис Суарез со погодок во 75. минута ги докусури гостите за блескава победа на Барса од 5-0. По овој триумф Каталонците останаа на втората позиција со 56 бода, еден помалку од лидерот Реал Мадрид.

Претходно со голот на Негредо од пенал Валенсија го победи Хетафе со 1-0 и остана во трка за позиција која гарантира настап во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top