Непознати сторители насилно влегле во црквата „Свети Василиј“ во селото Леска, Мала Преспа, уништиле неколку икони, а со себе ја земале и камбаната, пренесува МИА. Како што потврди отец Алексо за весникот „Македониум“ кражбата се случила пред два дена.
– Ова е петти пат како ни доаѓаат несакани гости во црквата и ни ја ограбуваат. Никогаш до сега крадците не се откриени. Апелирам до полицијата да биде поажурна и да ги најде вандалите, кои се надевам дека ќе ги стигне и божјата казна, вели отец Алексо.
Поради тежината на камбаната повеќе од сигурно е дека биле повеќе лица со возило за транспорт.Црквата „Свети Василиј“ во малопреспанското село Леска е изградена во осуманесетиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…


