По големата мистерија кој се ќе се најде во улога на судија во познатото шоу „Икс фактор“, конечно имињата се откриени.
Така во наредните неколку месеци како членови на жирито ќе ги гледаме Емина Јаховиќ, Јелена Розга, Владо Георгиев и Златан Стипишиќ – Џибони.
Тие во наредниот период ќе оценуваат, но и ќе ги менторираат младите музички надежи од пет земји на поранешна Југославија. Емисијата ќе почне на 22 март, а во тек се аудициите. Првите две аудиции, во Скопје и Белград, веќе завршија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


