Поранешниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас изјави дека се залага за промени во програмата на ЕУ за помош на Грција со цел да се стави крај на страдањето на стотици илјади Грци, но дека не смета оти е потребен отпис на грчкиот државен долг.
– Сосема е легитимно и разбирливо правото на секоја нова грчка Влада да настапи пред партнерите од ЕУ со барање за нови преговори, бидејќи досегашниот рецепт ја вовлече Грција во длабока социјална криза – изјави Друцас во интервју за виенскиот весник „Пресе“.
Тој смета дека и покрај најавите на новата грчка Влада за наспроведување на презмените обврски, Грција, како и секоја друга земја-членка на ЕУ, ќе се придржува кон меѓународните договори што ги склучила.
– Новата грчка Влада сака да најде нов пристап во договорите со партнерите од ЕУ. Треба да се прифати постоењето на финансиската рамка меѓу Грција и ЕУ, но во таа рамка може да се променат оние делови кои придонесуваат за социјални кратење на грчкото население – смета Друцас.
Тој наведува дека ЕУ треба да покаже трпение кон новиот грчки премиер Алексис Ципрас, бидејќи е само три недели на власт, а веќе е „фрлен во длабока вода“.
– Курсот на штедење и не беше толку погрешен, бидејќи земјата сега макроекономски е на поодбар пат, но не смее да се заборави дека зад овие позитивни бројки стојат стотици илјади луѓе во Грција, кои страдаат – наведува Друцас, кој беше грчки министер за надворешни работи од септмври 2010 до јуни 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција