| четврток, 6 декември 2018 |

Огнот во источна Украина запре

примирје

Синоќа на полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време) стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источна Украина.

Примирјето е првиот чекор кон спроведувањето на Мировниот договор, постигнат во Минск ноќта меѓу средата и четвртокот, за решавање на конфликтот во Украина.

Генералштабот на Вооружените сили на Украина соопшти дека украинскиот претседател Петро Порошенко издал наредба за прекин на огнот во зоната на конфликтот во Донбас.

– Им наредувам на Вооружените сили на Украина, на Националната гарда и на единиците на Министерството за внатрешни работи, Граничните сили и на Службата за безбедност да го запрат огнот – се вели во наредбата на Порошенко.

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на својот профил на Фејсбук објави дека им наредил на полициските сили да прекинат со огнот на линијата на фронтот во источна Украина во 0,00 часот по локално време.

Лидерите на проруските сепаратисти во Доњецк и Луганск, исто така, соопштија дека им наредиле на своите борци да го почитуваат режимот на прекин на огнот.

Претставникот на сепаратиситие во Доњецк, Едуард Басурин на брифинг во текот на ноќта информира дека нивните сили целосно го прекинале огнот и дека го почитуваат примирјето.

ТАСС јави дека од синоќа на полноќ по локално време во Донбас настапила апсолутна тишина и дека нема истрели ниту од едната, ниту од другата страна во конфликтот.

Меѓутоа, претставникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина, Владислав Селезњов информира дека по стапувањето во сила на примирјето, па се до 2.30 часот по локално време (1.30 часот по средноевропско време) биле регистрирани девет случаи на истрели врз позициите на украинските сили во местата Золотое, Попаснаја и Точковка во Луганската Област и во Чернухино и Санжаровка во реонот на Доњецк.

Шефот на украинската Служба за бебзедност, Валентин Наливајченко пак информира дека е регистирано само едно прекршување на примирјето на околу 50 минути по стапувањето во сила на прекинот на огнот. Според него, станува збор за артилериски напад од реон што е под контрола на единица составена од руски државјани.

Од своја страна и проруските сепаратисти обвинија дека украинските сили стрелале врз позициите на нивните борци во местото Дебалцево, како и на пунктови во населбите Енакиево и Горловка во близина на аеродромот во Доњецк.

Лидерот на украинската националиситичка организаиција Десен сектор, Дмитро Јарош соопшти дека нејзините паравоени формации нема да го почитуваат прмирјето.

– Нашите два баталјони, кои се одлично вооружени и екипирани, продолжуваат со напредувањето кај Дебалцево и имаат сериозни воени постигнувања – информира Јарош во соопштение објавано на интернет страната на Десен сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top