Во карикатурата со која се исмејува последната рунда за мир во Украина, познатиот карикатурист на Економист Кевин Кал Калагер вложил многу напор во креација на „Брутален Путин“ па ги измешал белорускиот и украинскиот претседател.
Опишувајќи го поздравот со кој се запечатува примирјето, Кал го претставува путин кој подава рака наместена на цевката на Калашников, притоа прашувајќи „Зошто не ми верувате?“. Во заднина стојат германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, а пред Путин… па, четвртиот лик треба да ја претставува Украина, заради капата која ја носи.
Но не и според ликот. Тој под капата има „орловски нос“ и горди мустаќи. Тоа воопшто не поминува како украинскиот секогаш избричен претседател Порошенко. Белорускиот претседател, пак ги има двете нагласени особености.
Токму затоа, читателите на Економист не беа импресионирани, особено откако британскиот магазин карикатурата ја сподели на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.