| четврток, 6 декември 2018 |

Апел од Нигерија: „Ако САД се бори со ИД, нека се бори и со Боко Харам“

boko haramНигерискиот претседател Гудлак Џонатан побара помош од САД за справување со исламистите од групата Боко Харам.

– Нели САД веќе се борат против Исламската држава? Тогаш зошто не ни помогнат и нам? Зошто не дојдат во Нигерија?, запраша Џонатан во интервју за весникот „Волстрит Џурнал“. Тој нагласи дека САД се пријатели на Нигерија, па затоа земјата очекува „Американците да дојдат и да и помогнат“.

Апелот на Џонатан уследи откако припадници на Боко Харам го нападнаа градот Гомбе во североисточна Нигерија. По жестоките борби со припадници на нигериската армија, исламисите се повлекоа од градот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top