Над 10.000 лица денеска фатени за раце формираа жив синџир во должина од 3,6 километри околу историскиот центар во германскиот град Дрезден, јави ТАСС.
Живиот синџир е симбол на единството и мирот, а исто така и знак против користење на сеќавањето на жртвите во Втората светска војна за политички цели.
Во денешниот жив синџир се приклучија и претседателот на Германија Јоаким Гаук, неговата жена Даниел Шат, премиерот на провинцијата Саксонија Станислав Тилих и градоначалникот на Дрезден Хелга Орош.
Живиот синџир е формиран по повод 70. годишнината од воздушните напади на сојузничките сили на Дрезден, во кои се убиени 25.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.