
Дуке Бојаџиев ќе одржи уште два концерта во Скопје, в недела на 15 февруари во Кино „Фросина“ МКЦ, со почеток во 19 и во 21 часот. Првиот од трите ќе се случи вечерва со Македонската филхармонија, а е насловен „Сон, верба, љубов“. Поради големиот интерес за вечерашниот концерт, другите два ќе се случат в недела.
На концертот, освен Дуке Бојаџиев на пијано, ќе настапат и вокалот Крсте Роџевски, Исмаил Лумановски на кларинет, перкусионистот Матијас Кунцли, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Васил Зафирчев како наратор.
Билети може да се купат во МКЦ, по цена од 400 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


