Две лица се ранети денеска при експлозија на бомба кај полициски пункт во турскиот град Суруч, кој се наоѓа во близина на границата со Сирија, јави телевизијата „Си-Ен-Ен турк“.
Според гувернерот на округот Шанљурфа, во кој се наоѓа Суруч, бомбата била поставена во еден контејнер за смет, близу до полицискиот пункт.
При експлозијата се повредени еден полицаец и еден случаен минувач-цивил, кои веднаш се пренесени во болница. Претставник на болницата соопшти дека тие имаат полесни повреди и дека се надвор од животна опасност.
Досега никој не презеде одговорност за поставувањето на експлозивната направа.
Суруч се наоѓа на околу 15 километри од сирискиот град Кобане, каде што се водат борби меѓу локалните курдски сили и припадници на џихадистичката група Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


