| четврток, 6 декември 2018 |

Пике до пензија во Барселона

Жерар Пике ќе остане во Барселона до крајот на кариерата, секако ако Каталонците не го продадат во меѓувреме. Во интервју за една шпанска радиостаница, стоперот на Барса изјави дека е среќен во својот клуб и дека нема да ја менува средината до фудбалската пензија.

– Без разлика дали крајот ќе биде идната сезона или по шест години, среќен сум во Барселона и сакам да играм до крајот на кариерата во мојот клуб – изјави Пике.

pike-i-mesi

Тој играше за Манчестер јунајтед, а имаше најави за негово враќање во редовите на „црвените ѓаволи“, но Пике демантираше дека ќе се реализира таков трансфер.

– Не сакам веќе да играм за ниту еден кклуб, освен за Барселона – изјави Пике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top