| четврток, 6 декември 2018 |

Нови напади во источна Украина, шестмина загинати

Шест лица, меѓу кои и три деца, загинаа при ракетен напад во Луганск и гранатирање на Горловка, соопштија денеска проруските власти во Луганск и во Донецк.

– Експлозивна направа погоди еднокатна куќа. Поради ударот, се урнале ѕидовите и покривот во бањата. Спасувачите ги пронашле телата на три деца, момче родено во 2013 година и две девојчиња родени во 2001 и во 2008 година, соопшти министерството за вонредни состојби на самопрогласената Донецка народна република“.

Околу 30 лица се ранети синоќа во гранатирањето на регионот на Донецк.

Три лица загинаа, а четворица се ранети во ракетен напад врз станбен кварт во Луганск од повеќецевни ракетни лансери, изјави денеска министерот за вонредни состојби на самопрогласената Луганска народна република, Сергеј Иванушкин.

Градот е нападнат двапати синоќа, првиот пат околу 22 часот и 30 минути по локално време, а регистрирани се 52 експлозии, јави ТАСС.

– Освен станбени згради, ракетите „смерч“ погодиле и противпожарна служба, гасовод, градинка и млекара – изјави Иванушкин.

Вториот напад е извршен околу четири часот по локално време, а погодени се станбени згради во близина на центарот на градот.

Во Минск вчера по 17-часовни преговори беше постигнат мировен договор меѓу лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција. Според договорот, примирјето во источна Украина стапува во сила на 15 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top