Кошаркарите на Чикаго го победија Кливленд со 113-98 во единствениот натпревар одигран ноќеска во НБА-лигата.
Биковите и без помош на Џими Батлер, кој не настапи, стасаа до 34. победа сезонава.
Роуз го предводеше Чикаго со 30 поени и седум скока, додека Тони Снел одигра одлична улога како замена за Батлер и уфрли 22 поени. Добра партија имаше и По Гасол со 18 поени, 10 скока и 6 асистенции, а Жоаким Ноа имаше 10 поени и 15 скока.
Кај Кливленд и на натпреварот најефикасен беше Леброн Џејмс со 31 поен. Викендов ќе нема натпревари во НБА бидејќи на ред е олстар-викендот во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.