| четврток, 6 декември 2018 |

Гаф со Путин во Минск (видео)

mkd-175827

За време на средбата во Минск, новинарите успеаја да фатат гаф со рускиот претседател Владимир Путин. Тој мораше да се бори за правото да седне на столот. Куриозитетната ситуација настанала за време на почетокот на преговорите. Александар Лукашенко, кој беше домаќин на средбата, долго разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, а во исто време се фатил за потпирачот на столот на кој сакал да седне рускиот претседател. Претседателот на Белорусија бил толку импресиониран од разговорот што не го забележал рускиот колега. Владимир Путин направил три обиди да седне, но не успеал и одлучил да го почека крајот на разговорот на Лукашенко и Меркел.

Средбата за мирно решение на кризата во Украина почнаа со 4 часа задоцнување во главниот град на Белорусија, а на неа присуствуваа лидерите на Германија, Русија, Франција и Украина,германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top