Договорот постигнат денеска во Минск не гарантира траен успех во Украина, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд. Тој додаде дека наредните часови ќе бидат одлучувачки.
– Тоа значи дека ние треба да продолжиме да бидеме будни, да вршиме притисок и да го продолжиме процесот што почна – рече Оланд при пристигнувањето во Брисел за Европскиот совет во Минск, каде што учествуваше во преговорите за прекин на огнот во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.