Народна банка на Република Македонија пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели со Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.
На аверсот на новите ковани пари, во централниот дел на монетата се прикажани слики на света Вера (со крст), света Надеж (со сидро) и света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата „Свети Трофим“ (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2014“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ на македонски јазик, како и ознаката „Аg925” и тежината на монетата „31.1 г”.
На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици Вера, Надеж и Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, света Софија прикажана во релјеф. Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.
Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 грама и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.
Цената на кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” изнесува 3.800 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Основната каматна стапка 2,75 проценти, НБРМ ја намали за 0,25 проценти
-
Ангеловска Бежоска: Ќе продолжиме со градење на силен институционален капацитет на Централната банка
-
За колекционерите: Пуштени во оптек нови ковани пари од серијата „Хороскопски знаци“
-
Стрес-тест на НБРМ: Банките стабилни и отпорни на шокови