| четврток, 6 декември 2018 |

Нова кована пара со светиците Вера, Надеж и Љубов

вера

Народна банка на Република Македонија пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели со Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија.

На аверсот на новите ковани пари, во централниот дел на монетата се прикажани слики на света Вера (со крст), света Надеж (со сидро) и света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата „Свети Трофим“ (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари“ и „2014“. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија“ на македонски јазик, како и ознаката „Аg925” и тежината на монетата „31.1 г”.

На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици  Вера,  Надеж и Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, света Софија прикажана во релјеф. Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.

Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 грама и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” изнесува 3.800 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top