| четврток, 6 декември 2018 |

Започна завршниот митинг на опозицијата во Скопје

„Градот убав пак ќе никне“, рече Макрадули, кандидатот за градоначалник на Скопје и прв говорник

jani-makraduli01

На митингот на коалицијата „Сојуз за иднината“, прв се обрати кандидатот за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули. Четири години својот неуспех во економијата, оваа власт, рече, го покрива со споменици.

„Скопје никогаш повеќе не смее да има вакви 4 години. Вашиот глас на 24. март го одлучува тоа. Не го сакам Коце затоа што 38 објекти му се препишани од 2009 години. Не ми се допаѓа Коце поради спомениците , поради златните коњи. Не ми се допаѓа Коце, затоа што ги празни џебовите на народот а ги полни на фамилијата.Не ми се допаѓа Коце бидејќи на плоштадот, има есто за белосветски преваранти а не ма место за скопјани. Јас иумам поинаква визија за Скопје“, рече Макрадули.

Скопје, вети Макрадули веќе нема да биде потсмев за светот.

„Јас немам проекти за уништување на градот, нема место за златни огради и восочни фигури или златни коњи, нема место за сечење на шумата, гусарскиот брод ќе отплови, а рингишпилот нема никогаш да дојде. Јас имам програма за живите.Време е Скопје да се разбуди .Време е за нашето Скопје. Скопје нема да ни прости ако се колебаме.Имаме обврска да победиме. Градот убав пак ќе никне“, рече Макрадули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top