| четврток, 6 декември 2018 |

Казнети лепачи на плакати

plakati isfarbani

По пријава на граѓанин, дека во Прилеп на улицата „Кеј 1 Мај “ на тарабите од новата катна гаража има испишано графити, увидна екипа излегла на лице место.

– Притоа од страна на полициски службеници од ПС Прилеп,  приведени се пет лица:  Д.Т (24) од Штип и Х.Ј.(28), М.Т.(29), Ј.З.(20) и В.П.(20), четворицата од Прилеп. Тие биле затекнати како поставуваат плакати  и цртаат и пишуваат графити надвор од определено место за таа намена , на улиците “Кеј 1 Мај“и “Браќа Ламески“ и без претходно одобрение на сопственикот – соопшти МВР.

Полицијата констатирала дека лицата сториле прекршоци по основ на Изборниот законик и Законот за јавна чистота и на истите им издала платни налози и покана за наплата на глоба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top