| четврток, 6 декември 2018 |

Пулс24: Синот на Црвенковски ја предизвикал тепачката во Штип

sdsm2

По одржувањето на митингот на коалицијата „Сојуз на иднината“ во Штип, двајца се потешко повредени во тепачка во дискотеката „Мистик“, пишува порталот Пулс 24.

puls 24 sin na bc

Отчевидци тврдат дека тепачката се случила во три часот наутро, а во неа учествувале синови на познат политичар и на штипски бизнисмен.

Според Буре весник и еден од новинарите кој работи за овој локален весник, најверојатно оној кој ја предизвикал тепачката бил синот на лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски, стои во веста на Пулс 24.
СВР Штип не сакаат официјално да ги потврдат имињата на учесниците во тепачката, иако според Буре весник СВР Штип сепак морал да издаде соопштение за учество на Љ.Ц и М.Н во тепачка под дејство на алкохол и енергенси во дискотеката „Мистик“ во Штип, по митингот на опозицијата.

Засега од непознати причини двајцата почнале  да ги провоцираат присутните гости, но бидејќи тие не одговориле на нивните недолични дофрлувања, во еден момент синот на бизнисменот со стаклен предмет замавнал кон еден од гостите нанесувајќи му расекотина на лицето.

Во инцидентот физички бил нападнат уште еден гостин на кој му се нанесени повреди на лицето. Во случајот интервенирала полицијата. Насилниците биле повикани на разговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top