| четврток, 6 декември 2018 |

Германките збеснаа по грчкиот министер за финансии

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, им го сврти умот на Германките, оценуваат германските медиуми.

Занесот не ги одминал ни познатите новинарски имиња, па така водителката на „Зе-Де-Еф“, Мариета Сломка, изјави дека 53-годишниот Варуфакис има шарм на холивудски мачомен.

Greek Finance Minister Varoufakis looks on before the first major speech of Greek PM Tsipras in parliament in Athens

Опседнатоста со изгледот на Варуфакис во Германија отиде до таму што новинарки на магазинот „Штерн“ направија и осврт на неговиот класичен мускулест изглед и сексапил.

Во „Велт“ Варуфакис е наречен секс-икона, а целиот текст е посветен на неговиот изглед, лежерен стил на облекување и љубовта кон брзите мотори.

yanis-varoufakis

– Ѕвездата е родена – заклучува авторката на текстот во „Велт“ констатирајќи дека Варуфакис ги привлекува погледите на жените насекаде низ Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top