Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, им го сврти умот на Германките, оценуваат германските медиуми.
Занесот не ги одминал ни познатите новинарски имиња, па така водителката на „Зе-Де-Еф“, Мариета Сломка, изјави дека 53-годишниот Варуфакис има шарм на холивудски мачомен.
Опседнатоста со изгледот на Варуфакис во Германија отиде до таму што новинарки на магазинот „Штерн“ направија и осврт на неговиот класичен мускулест изглед и сексапил.
Во „Велт“ Варуфакис е наречен секс-икона, а целиот текст е посветен на неговиот изглед, лежерен стил на облекување и љубовта кон брзите мотори.
– Ѕвездата е родена – заклучува авторката на текстот во „Велт“ констатирајќи дека Варуфакис ги привлекува погледите на жените насекаде низ Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст