| четврток, 6 декември 2018 |

САД го поздравија успехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

дијалог

САД им честитаа на премиерот на Србија Александар Вучиќ, косовскиот премиер Иса Мустафа и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на успехот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, објави американскиот Стејт департмент.

– Сакаме да честитаме на премиерите на Косово и Србија и високиот претставник на ЕУ за успехот остварен во разговорите на високо ниво од 9 до 10 февруари, што доведе до потпишување на договорот за правосудство – изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Џен Псаки.

Според Псаки договорот претставува важен чекор напред во процесот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент нагласи дека договорот покажува силна посветеност на двете страни за целосно спроведување на бриселскиот договор од 19 април 2013 година и дека САД ќе продолжат со силна поддршка на сите страни на тој пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top