
За Денот на вљубените и виното, љубов на Булеварот и во Паркот на книгите. „Клуб Матица“ и „Матица Екслузив“ имат со заедничка акција по повод 14-ти февруари.
Традиционално, овој ден Булеварот на книгите на Климент Охридски ќе биде отворен до полноќ, каде граѓаните ќе можат да купат голем број наслови од македонски и странски автори. И овојпат Будни до полноќ, со многу интересни изненадувања. Новитет е Паркот на книгата, лоциран зад „Матица Екслузив“ во кој, овој ден ќе биде посветен на славје на вино и книга. Бидејќи љубовта е во книгата, а сите приказни започнуваат со голтка вино, од паркот на Книгите порачуваат: „Книгата гради споменик во срцето на читателот“.
– Годинава, и на Булеварот на книгите и во Паркот наКнигите, ја славиме книгата опиени од љубовта со многу автори и наслови, и секако, со безброј подароци и убави мисли. Би сакале да ги поканиме сите оние што го сакаат словото, виното, и уживаат во љубовта – на Булеварот на книгите да создаваме романтични приказни од зборовите што ги користиме, истакна Дејан Павлески, менаџер на Клуб Матица.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


