| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се продаваат 1.000 државни деловни простории

aleksandargjorgjiev1_25Владата донесе одлука за отпочнување постапка за продажба на 1.000 деловни простории во државна сопственост.

Во првиот пакет ќе бидат вклучени 100 државни деловни простории во 19 градови со вкупна површина од  7.253 метри квадратни. Најголемиот дел од нив односно 22 деловни простории се во Скопје, останатите 11 се во Кичево, 9 во Куманово, Охрид и други градови.

Утре ќе биде објавен оглас со кој започнува постапката, а може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски правни субјекти и физички лица.

– На оваа проблематика се работеше повеќе месеци и е директен одговор на бизнис­ заедницата подолг временски период кон Владата и институциите.Сметаме дека со продажбата на деловните простории во сопственост на државата на приватниот сектор ќе дадеме дополнителен импакт за можностите за нивен раст во дејностите што ги стопанисуваат, а се разбира даваме и поголеми можности и услови воопшто за подобрување на самата бизнис клима, но и конкретно на перформансот на деловните субјекти кои ќе аплицираат и ќе ги купат објектите, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Според него, сите правни субјекти, но и физички лица ќе може да ги пријават своите апликации, а оној субјект што ќе понуди највисока цена на јавното наддавање ќе го купи објектот. 

Заинтересираните домашни и странски правни субјекти и физички лица треба да достават апликација за учество на јавните наддавања и банкарска гаранција во висина од 2 проценти од проценетата вредност на објектот. Правните субјекти приложуваат доказ за регистрација од Централниот регистар, а физичките лица за државјанство на Република Македонија. По пријавувањето преку електронскиот систем ќе добијат податоци за денот и часот на одржување на јавната електронска аукција.

Ѓорѓиев оцени дека ова е резултат на еден позитивен дијалог кој Владата го има со бизнис заедницата.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top