Златан Бајриќ во Шведска пристигнал во 1997 година како бегалец. Денес тој има две компании, а помеѓу неговите клиенти се и “ИКЕА“ и “Бомбардиер“.
Приказната за ова успешно момче ја објавија босанските медиуми, а ја пренесе порталот факултети.мк. Златан Бајриќ е млад човек со потекло од Брчко, Босна и Херцеговина, кој во Шведска дошол со својата мајка и брат во 1997 година преку организација на УНХЦР како бегалец. Во основното училиште тој имал најдобри оценки, потоа бил повикан да се школува во најдобрата гимназија во Шведска која ја завршил со одлични резултати. Тој поседува две стипендии за колеџ.
-Поради лошата економска ситуација во семејството, јас работев од 14 години. Бев разнесувач на весници, келнер, механичар, работев во пекара, пицерија…, раскажува Бајриќ, кој во моментов е еден од најуспешните бизнисмени во Шведска.
Првата фирма ја отворил на 17 години. Тој тогаш изработувал реклами и помали страници на интернет, менија за ресторани и слично.
Тој во моментов има две фирми – куглана/ресторан/кафуле “Арос Фун Хоусе“, во која се вработени девет работници и маркетинг агенција “ГоПлус“ во која има шест вработени.
-Моите клиенти во “ГоПлус“ се “ИКЕА“, “АББ“, #Бомбардиер“, “ВалбоКем“ итн. Компанијата #ГоПлус“ е 100 отсто во моја сопственост, а кугланата е 50 отсто моја, објаснува Бајриќ.
Тој е добитник и на престижните награди – 2011 година ја доби наградата за Најдобар шведски сервис, а во 2012 година наградата за Најдобар шведски претприемач. Исто така, во 2012 година тој ја доби стипендијата од Андерс Вала, некогаш најуспешниот петприемач во Шведска, а оваа година е прогласен за 12-тиот суперталент во Шведска.
-Докажав дека од ништо може да се направи нешто. Кога пристигнав со семејството во Шведска, ние немавме ништо, но покажав дека може да се успее само кога се сака, наведе Бајриќ.
Тој вели дека во Шведска е познат како голем критичар на политичарите, но и во Европската унија. Бајриќ истакнува дека неговите амбиции за во иднина се големи. Тој сака на сите да им покаже дека “ништо не е невозможно“. Тој вели дека сака да инвестира во Балканот, особено во БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.