| четврток, 6 декември 2018 |

Коце Трајановски најави нова сообраќајница кај „Александар палас“

Pres-konferencija_-_Skupi_(3)

Во наредниот период Град Скопје во соработка со општината Карпош ќе се изготви проект со кој треба да се реши проблемот со раскрсницата на улиците „8 Септември“ и „Скупи“, ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски.

– За таа цел, ние во наредниот период ќе подготвиме проект и ќе ја прошириме оваа крстосница. Ќе гледаме доколку постои можност од аспект на просторот и имотно-правните односи, тоа да биде уредено со кружен тек бидејќи сметаме дека кружните текови се покажаа како ефикасни на регулирање на сообраќајот на раскрсниците – рече Трајановски.

Трајановски истакна дека доколку такво решение не постои, во тој случај ќе биде направена една модерна сообраќајница со проширени ленти од сите страни од каде што доаѓаат граѓаните.

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од владејачката партија, Јагнула Куновска, рече дека овој проект е од голема важност за Карпош.

– Пристапуваме кон реализацијата на овој проект заедно со градоначалникот на град Скопје. Со нетрпение чекаме да почне изградбата на оваа сообраќајница – изјави Куновска.

Оваа раскрсница долги години беше тесно грло за сообраќај, низ која дневно поминуваат илјадници возила од повеќе делови на главниот град. Со новиот проект за проширување на раскрсницата ќе се овозможи возилата без никаков проблем дa се движат, а возачите побрзо да стигнуваат до посакуваната дестинација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top