| четврток, 6 декември 2018 |

Шест деца спасени од заклучени автомобили во Австралија

Дете пренесено во болница во Сиднеј е едно од шестте спасени, оставени во автомобили на исклучително високи температури за само еден ден од оваа недела, објавија денеска локалните медиуми.

Припадниците на итната медицинска помош скршиле прозор од автомобил за да ослободат мало дете, кое било оставено од мајка си во Мелбурн вчера.

Надворешната температура во момент на спасувањето била 27 степени Целзиусови.

Властите во државата каде температурите во автомобилите оставени на сонце може да надминат 40 степени Целзиусови ги предупредуваат родителите да не ги оставаат децата во возилата.

Само во државата Викторија најмалку 200 случаи на заклучени деца во автомобили се регистрирани оваа година. Во цела Австралија таа цифра е околу илјада деца на возраст помала од четири години. Триесет од нив биле хоспирализирани. Родителите можат да бидат осудени на затворска казна до шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top