| четврток, 6 декември 2018 |

Логопеди двапати неделно ќе прегледуваат во пет поликлиники во Скопје

logoped

Здравствениот дом Скопје и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во координација со Министерството за здравство го започнаа проектот „Дисперзиран логопед“. Секој вторник и четврток во пет поликлиники во градот ќе бидат давани логопедски услуги.

Директорката на Здравствениот дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ истакна дека новиот проект ќе се реализира во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Јане Сандански и „Букурешт“, каде секој вторник и четврток од 8 до 16 часот ќе има логопед кој ќе дава соодветни услуги.

Директорка на Завод за рехаблитација за слух, говор и глас – Скопје – Живка Јордановска рече дека на овој начин не се заштедува само на време од страна на родителите туку тие ќа заштедат и финансиски.

– На овој начин заштедуваме не само во време, туку и во финансии на родителите, бидејќи се должни да платат превоз до нашата установа која е доста оддалечена од приградските населби. Ги пративме најврвните логопеди да не претставуваат и доколку има потреба ние ќе излеземе во пресрет со дополнување на логопетски услуги односно на логопеди – рече Јордановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top