| четврток, 6 декември 2018 |

„Газпром“ ја објави мапата на „Турски тек“

gas

Руската компанија „Газпром“ ја објави мапата на гасоводот „Турски тек“ откако вчера Русија и Турција се согласија за трасата и за другите детали.

Според соопштението, почетокот на гасоводот е на рускиот брег на Црно Море во близина на градот Анапа и оди под морето.

Точката на излегување на копно ќе биде во близина на селото Кајакој, а главната точка за испорака на гас за Турција ќе се наоѓа во регионот на Лулебургаз. Гасоводот од Турција ќе излегува кај градот Ипсал и ќе оди низ Грција.

Како што е соопштено, Русија и Турција вчера ја утврдија трасата на гасоводот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top